Kinder Park
Целосно оплеменетиот внатрешен и надворешен простор, богатото мени и широката палета на работилници и тематски забави за деца, го прават Киндер Парк идеалното место за вашиот роденден, крштевка, мекици и други семејни настани. Во рамки на нашиот простор имаме лавиринт од 80м2, трамболина, карпа за качување и многу други реквизити кој ветуваат одлична забава за сите дечиња. Тука е и нашиот мини град, односно куќички на различна тема за незаборавна детска игра. Покрај внатрешниот дел кој е комплетно реновиран во 2023та година, на располагање е и паркот со разни содржини идеален за топлите денови.
Карактеристики
-
Бесплатен паркинг
-
Локација: Градски Парк
-
Капацитет од 100 до 130 возрасни лица и 60 деца
-
Мултифункционален концепт од технички аспект (летна и зимска игротека, надворешен и внатрешен простор за гости)
-
Мултифункционален концепт од организациски аспект (организирање на храна, пијалок, активности и забава за деца, декорација)
Скица
Тематски родендени и работилници
Во Киндер Парк се трудиме секој детски роденден и настан да биде посебно искуство за децата. Имаме различни тематски работилници за изразување на нивната креативност и загарантирана забава. Вселенско патување, пиратски забави или готвење… важна е само вашата замисла. Дополнително имаме можност и за изработка на декорација и креирање совршен роденден, крштевка или детски настан за Вашата компанија. Нашиот тим ќе се погрижи за дечињата за време на нивниот престој кај нас и ќе ги води сите овие активности.
Кетеринг
Тоа што го издвојува Киндер Парк од останатите детски игротеки е можноста за богато мени и одлична храна. Преку нашиот кетеринг поставуваме нови стандарди во прославата на детски родендени а квалитетот е секогаш приоритет.